Трајановски: Скопје треба да биде град на решенија, не на изговори

Date:

Share post:

Средношколците на Скопје ќе добијат безбеден, бесплатен и организиран автобуски превоз од врата до училиште. Ова е една од клучните мерки што кандидатот за градоначалник на Град Скопје од коалицијата „Искуство за успех“, Александар Трајановски, ја најави како дел од својата програма „15 клучни проблеми и решенија на Скопје“.

„Скопје мора да биде град што функционира, со чист воздух, уреден јавен транспорт, сигурна инфраструктура и културен живот достапен за сите. Најважно е граѓаните да почувствуваат дека градот работи за нив, а не обратно“, вели Трајановски.

Трајановски исто така нагласи дека токму младите се огледалото на градот и дека Град Скопје мора да обезбеди услови кои ќе им овозможат безбедност, пристап и развој. „Не можеме да зборуваме за европски стандарди, ако учениците немаат безбеден превоз до училиштето. Тие се нашата иднина, а обврска на градот е да им го олесни секојдневието“, изјави Трајановски.

Освен организиран автобуски превоз, Трајановски во програмата предвидува и низа мерки насочени кон подобрување на квалитетот на животот на средношколците.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img