Трајановски: Аеродром ќе добие младински совет, фонд и стратегија за млади

Date:

Share post:

Кандидатот за градоначалник на општина Аеродором од СДСМ, Александар Трајановски, најави формирање младински совет, фонд и стратегија за млади.

-Јас како иден градоначалник ќе бидам партнер на младите и заедно со нив ќе ги градине младинските политики во општина Аеродром. Младите мора да бидат во фокусот. Тие се двигателот на општеството и затоа посветуваме посебно внимание на создавање политики и мерки кои директно ќе го подобрат нивниот живот и ќе им отворат нови можности, вели Трајановски.

Како конкретни идеи ги наброја креирање Фонд за млади за финансиска поддршка на младите претприемачи и младинските организации; формирање Локален младински совет, кој ќе биде гласот на младите во општината; изработка на Младинска стратегија и акциски план, со јасно дефинирани приоритети и цели; поддршка и промоција на младите таленти, како и развој на услуги за кариерно насочување, доквалификации и преквалификации во соработка со образовни центри и институции; модернизација и целосна дигитализација на училиштата, со современа наставна опрема и едукативни средства; организација на редовни превентивни здравствени прегледи за младите; поттикнување на културни и спортски настани од интерес за младата популација.

-Со овие мерки во која младите ќе имаат услови да се развиваат, да ги остваруваат своите потенцијали и да ја градат иднината тука, во својата општина. Драги средношколци, студенти, млади, јас Александар Трајановски ќе бидам ваш партнер и заедно со Вас ќе ги градиме политиките во општина Аеродром. Заедно со Вас младите ќе се избориме за нашиот дом! За нашиот Аеродром!, вели Трајановски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img