Тоневски најавува нов пат кон Пониква за побрз пристап и развој на туризмот

Date:

Share post:

Тони Тоневски, кандидат за градоначалник на општина Пробиштип, најави нови инфраструктурни и образовни проекти кои ќе го подобрат квалитетот на животот во општината.

Screenshot

Еден од клучните проекти е изградбата на нов пат кон зимскиот туристички центар Пониква, што ќе овозможи полесен и побрз пристап, без потреба од кружење и поминување низ соседните општини. Со намалено растојание, се очекува зголемена посетеност и развој на регионот.

Покрај патната инфраструктура, Тоневски најави и ново детско одмаралиште за учениците, кое ќе овозможи нови дружби и незаборавни моменти за младите.

Пробиштип се сака со проекти, со дела! Со овие иницијативи градиме современа и функционална општина за сите граѓани“, истакна Тоневски.

Кандидатот ги повика граѓаните да го поддржат со број 9 на изборите, за, како што рече, „тебе, твоето место и твојата иднина“.

Видеото може да го погледнете тука

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img