Светителот со лав

Date:

Share post:

Верски календар: 17 март

МПЦ-ОА/ Преподобен Герасим Јордански.

Герасим беше родум од Либија. Уште како млад го остави светот и го започна својот подвиг во Тиваидската пустина. Подоцна го посети Ерусалим и се насели крај реката Јордан. Околу него се собраа многу подвижници, па така се оформи неговиот манастир. Манастирот го одликуваше строгиот типик, а за строгоста на подвижничкиот живот пример даваше самиот Герасим.  За Чесниот Пост не јадеше ништо освен што се причестуваше. Еднаш виде лав како рика од болка бидејќи имаше трн во ногата. Герасим пријде, се прекрсти и му го извади на ѕверот трнот од ногата. Лавот толку се скроти, што појде по Старецот во манастирот и остана таму до неговата смрт, а кога умре Старецот и лавот загина од болка по него. Свети Герасим учествуваше на Четвртиот Вселенски Собор во Халкидон, во времето на Маркијан и Пулхерија, па иако и тој најпрво клонеше кон монофизитската ерес на Евтихиј и Диоскор, на Соборот се покажа како голем поборник за Православието. Од таа ерес го одврати Свети Ефтимиј. Од учениците на Св. Герасим најславен беше Св. Киријак Отшелник.

Тој долго поживеа, хранејќи се со непресушната божествена светлина, и се упокои во длабока старост во 475 година.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img