Верски календар: 6 февруари
КАТОЛИЧКА ЦРКВА/ Св. Павао Мики.
Бил роден во Јапонија, во 1564 година. Стапил во Дружината на Христос и со голем успех го проповедал евангелието на сонародниците. Во екот на прогонството против католиците бил фатен заедно со 25 другари. Тие биле навредувани и во Нагасаки распнати на крст. Во 1597 година претрпеле маченичка смрт за Христос.