Верски календар: 11 мај
КАТОЛИЧКА ЦРКВА/Св. Игнациј од Лаконија.
Бил роден во 1701 година, во Лаконија, во Италија. На 18-годишна возраст се разболел. Тогаш се заколнал дека, доколку Мајката Божја му помогне да оздраве, ќе стапи во редот на капуцините. Игнациј оздравел, но заборавил на ветувањето. Многу се исплашил кога јавал на коњ и можел да падне во провалија. Тогаш се присетил на ветувањето и станал свештеник. Умрел во 1781 година.

