Свештеник сексуално злоупотребувал жени и деца

Date:

Share post:

Сицилијанскиот свештеник Салваторе Анело е уапсен за сексуално злоупотребување на жени и деца, на кои „им ја лечел душата“. Освен свештеникот, уапсен е и неговиот помошник, припадник на италијанската војска Салваторе Мураторе.

svestenik-suСвештеникот и војникот од Палермо, ги убедувале жртвите дека од нив ќе го истераат ѓаволот. Претходно жртвите, воглавно жени и деца, ги убедувале дека се опседнати од ѓаволот или од зли духови.

Злите сили и свештеникот и војникот ги истерувале со допирање на гениталиите на жртвите.

Мураторе, кој е суспендиран, е обвинет за злоупотреба на најмалку едно девојче и четири жени, додека Анело се терети за злоупотреба на три деца и две жени.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img