Идеологојата на Српскиот свет доби институционална форма и стана политички и црковен манифест на Србите на Балканот и на Српската православна црква. Декларацијата, што на 8 јуни 2024 година беше усвоена, а наречена „Декларација за заштита на националните и политичките права и заедничката иднина на српскиот народ“, е практично најнационалистичката форма на идеологијата на српскиот свет.
Оваа декларација, која доаѓа од државните органи на Србија и на Република Српска, практичко е форма и на верски фундаментализам, нешто што се коси со сите норми на секуларизмот. Во самиот почеток на декларацијата, веднаш по нејзиното именување јасно е дефинирано дека таа се носи „со благослов, молитвено и соборно учество на Неговата Светост Патријархот српски, господин Порфириј, архијереите и свештенството на Српската православна црква и српскиот народ“.
Во 49-те заклучоци декларацијата јасно ја отсликува улогата на Српската православна црква, која практично е дефинирана како единствена институција која денес ги обединува Србите, кои мора да живеат и во други граници, но како припадници на српскиот свет.
-СПЦ го сочува српскиот народ во најтешките времиња и во биолошка, но и во културна и образовна смисла, стои во документот, кој потенцира дека Сесрпскиот собор СПЦ ја препознава како еден од столбовите на националниот, културниот и духовниот идентитет на српскиот народ, повикувајќи на блиска соработка меѓу црковните и државните власти за клучните прашања, како што се традиционалните христијански вредности.
Точките девет и десет се директно посветени на улогата на СПЦ во идеологијата на Српскиот свет со прецизни нејзини детали. Додека пак во точката 32, каде се дефинирани целите на Сесрпскиот собор со цел зачувување и негување на српската култура и српскиот национален идентитет, меѓу другото е предвидено освен финансирање и поддршка на пишани и електронски медиуми на српски јазик, предвидува и помош за одржување на постојните, но и основање на нови насоки во школите во рамки на СПЦ, каде ќе се спроведува и изучува посебно стандардизиран српски јазик, српска култура и историја, како и стипендурање на ученици и студенти, орагнизирање на кампови, се со цел спречување на асимилација на српскиот народ.
Улогата, задачата, но особено темелот на кој се заснова оваа Декларација, е класично злоупотребување на православната вера за национализам. Улогата што СПЦ ја прифатила во оваа идеологија на Сесрпски свет, се чита и во именувањето „Сесрпски Собор“. Соборност на српстовото е веројатно новата форма на етнофилитизам во христијанството, која во случајот се граничи со серизоен облик на верски фанатизам
Иако Серпскиот собор е наводна институционална форма составена од државните органи на Србија и Република Српска, сепак во него е наведено уште во првата точка дека членуваат СПЦ, но и други претставници на српскиот народ повикани од страна на организаторите на Сесрпскиот собор.
Во точката три многу попрецизно се отсликуваат границите на Српскиот свет, каде се дефинирани членовите на Националниот совет, кој е формиран како тело на Сесрпскиот собор и кој е задолжен за координација, следење и извршување на актите на Сесрпскиот собор. Во нејзе пишува дека „Сесрпскиот собор со консензус во состав на Националниот совет на срспскиот народ имеува и претставници на српскиот народ од Црна Гора, Федерацијата БиХ, Северна Македонија, Хрватска, Словенија, претставници на српскиот народ од Европа, Африка, Азија, Северна и Јужна Америка, Австралија…“ Сите овие наведени држави од Балканот, слулчајно или не, се поклопуваат со границите на јуриздикцијата на СПЦ, а претставниците од останатите делови од светот се практично претставници од дејаспората на СПЦ. Поврзаноста на се ова го дефиниран точката 4 од Декларацијата во која е наведено: „Сесрпскиот собор констатира дека српскиот народ претставува единствена целина. Српскиот народ низ историјата имал повеќе држави со разлилчни називи и го бара правото да ја наследи својата богата традиција.“.
Интересно, но Сесрпскиот собор го дефинира 15 септември како Ден на Српското единство и националното знаме и го прогласува како празник за одбележување. Денот се поврзува со Солунскиот фрнот од Првата светска војна.
Добро е да се забележи дека сите овие форми на изрзен национализам на СПЦ, кој се граничи со еретички постапки , доаѓа во деновите кога СПЦ го слави споменот на Преподобниот Јустин Ќелиски (Поповиќ), чие име СПЦ го впиша во Диптихот на Светиите на 29 април 2010 година. Во негова чест деновиве служеа многумина современици на национализмот на црквата, за кој Јустин Поповиќ ќе напише дека „Национализмот во Црквата е неопростлива хула против Христа“
-Црквата е личноста на Богочовекот Христос, богочовечки организам, не човечка организација. Црквата е неделива, како што е личноста на Богочовекот, како што е телото Христово. Затоа, во основа е погрешно неделивиот богочовечки организам на Црквата да се дели на ситни национални организации. На својот пат низ историјата многу помесни цркви се ограничувале до национализам, до национални цели и методи. Многу Цркви, и нашата меѓу нив. Црквата се нормирала спрема народот; додека обратното е нормално: народот да се нормира спрема Црквата. И во нашата Црква често пати се повторувала таа грешка. Но ние знаеме дека тоа е какол на нашиот црковен живот, какол што Господ сè уште не го треби, туку остава да расте заедно со пченицата сè до жетвата (Матеј 13,29-20). Исто така знаеме (Господ нè научи) дека тој какол е од исконскиот непријател наш и на Христа – од ѓаволот (Матеј 13,25-28). Но ова наше знаење е залудно, доколку не премине во молитва, за Господ Исус и нас да нè сочува, да не бидеме сејачи и одгледувачи на тој какол, ќе напише Преподобниот Јустин во своиство на критика и на национализмот во неговата црква, потенцирајќи дека „Време е, дванаесетти час веќе, поединечни наши црковни претставници да престанат да бидат исклучиво слуги на национализмот и на политиката, сеедно која и чија, и да станат првосвештеници и свештеници на Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква“.
Се чини дека неговите наследници, слугувањето на национализмот го издигнаа на ниво на црковна идеологија, на која фанатизираните секојдневни аплаудираат.
Пишува: Марјан Николовски

