Средба на Бискупот Стојанов и претседателот на МАНУ

Date:

Share post:

Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија Киро Стојанов и претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, академик Таки Фити, на средба во МАНУ разговарале за  организирањето Свечена академија за одбележувањето „Деновите на света Мајка Тереза“ која ќе одржи во месец септември.

manu 1-Академикот Фити во име на МАНУ изрази радост што може да придонесе во реализирањето на Академијата во рамките на Татковинската прослава, како благодарност за дарот на канонизацијата на Мајка Тереза. Бискупот Стојанов му заблагодари на академик Фити како и на Македонска академија на науките и уметностите за соработката, и вклученоста како на МАНУ така и на останатите значајни институции, при што ја истакна радоста заради канонизацијата на блажена Мајка Тереза и културно духовните настани кои ќе ги одбележат тие денови, пишува порталот „Католици.мк“

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img