Членовите на Извршниот одбор на Соборот на канонските православни епископи под претседателство на Архиепископот на САД, од Вселенската Патријаршија, Елпидофор, ја изразија својата тага за насилството кое продолжува во Украина и Газа. Воедно донесоа одлука со која секоја година Неделата на Православието да биде посветена на работата и мисијата на Соборот.
-Како миротворци, посредници за исцелување и помирување, го повикуваат целото човештво на покајание и духовно преобраќање, враќање на патиштата на простувањето, сочувството, мирот и љубовта како што поучува нашиот Господ и Спасител Исус Христос“, стои во соопштението.
Извршниот одбор на Соборот на канонските православни епископи се состана во вторник, 4 јуни 2024 година, во седиштето на Православната христијанска епархија на Њујорк и Северна Америка на Антиохиската Патријаршија, во Њу Џерси.
Работата на соборот, со којшто претседаваше православениот Архиепископ на Америка од Вселенската Патријаршија, Елпидофор, најпрвин започна со финансискиот извештај, а потоа беа потврдени новите членови на управниот совет на Православната христијанска служба по затворите, Православната христијанска заедница и Телото на православни доброволци.
Извршниот одбор на Соборот одлучи да ја определи Неделата на Православието, секоја година, како Недела за Соборот на епископите, ден во кој ќе се прославува работата на Соборот на целата територија на САД. Паралелно со тоа, ќе се објавува Сеправославно окружно послание, коешто ќе се чита во сите православни парохии во земјата.
Архијереите потоа се позанимаваа со предложениот дневен ред за претстојниот годишен состанок на Соборот на епископите што ќе се одржи во Атланта од 28 септември до 1 октомври 2024 година.
Тие беа информирани и за Меѓупарохиските здруженија, за комисијата за Пристапност, како и за други заеднички програми.
/orthodoxianewsagency.gr/

