Симпозиум во Кембриџ посветен на современото ропство во контекст на миграцијата

Date:

Share post:

Во историскиот комплекс на колеџот „Исус“ при Универзитетот во Кембриџ, се одржа значаен симпозиум на тема „Невидливо и незаштитено: современото ропство во сенката на миграцијата“.

Настанот беше коорганизиран од Вселенската патријаршија, во соработка со реномираната британска академска институција, со цел да се осветли трагичната реалност на современото ропство што често останува скриено зад миграциските текови.

На симпозиумот присуствуваа академици, духовници и дипломати, меѓу кои митрополитот на Гвинеја, Георгиј, од Александриска патријаршија, како и амбасадорот на Република Грција, Јоанис Цаусис.

Собирот беше збогатен со читање на пораката на вселенскиот патријарх Вартоломеј, која ја пренесе архимандритот Јероним Сотирелис, упатувајќи ја патријаршиската благослов до присутните.

Во своето воведно обраќање, архиепископот на Велика Британија од ВП, Никита упати длабока и трогателна порака за потребата од надминување на поделбите пред лицето на човечкото страдање. Тој истакна дека е време академската заедница, религиозните лидери и општествените чинители да излезат од изолацијата и да дејствуваат заеднички во служба на општото добро.

Осврнувајќи се на трговијата со луѓе како тешко кривично дело, архиепископот ја нагласи моралната одговорност на секој поединец и на институциите во борбата против ова зло. Тој повика на јасна и решителна акција против оние што експлоатираат и манипулираат со човечки животи, предупредувајќи дека молчењето и пасивноста претставуваат морален неуспех и како луѓе, и како верници.

Симпозиумот ја потврди заложбата на Вселенската патријаршија и на академската заедница за продлабочување на дијалогот и заедничко дејствување во справувањето со едно од најсериозните општествени зла на совремието.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img