Шукова: Скопје без хартија, дигитална револуција во функционирањето на градската администрација

Date:

Share post:

Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, денеска зборуваше за отворено и технолошки напредно Скопје преку иницијативата „Скопје без хартија дигитален град за сите“, што е дел од нејзината предизборна програма.

-Мојата визија за Скопје е град што функционира транспарентно, ефикасно и современо град што им служи на граѓаните, истакна Шукова.

Објасни дека концептот „Скопје без хартија“ претставува дигитална револуција во функционирањето на градската администрација, со цел секој процес да биде брз, достапен и видлив за сите.

Според Шукова, дигитализацијата на јавните услуги е темел на новиот модел на управување.

-Преку алатката „Отворен буџет“, граѓаните ќе имаат постојан увид во трошењето и распределбата на јавните средства. Електронските јавни набавки обезбедуваат транспарентност и одговорност во секоја постапка, рече Шукова.

Еден од клучните проекти во нејзината програма е Paperless City 2029, кој предвидува воспоставување на единствена дигитална платформа што ќе ги поврзува сите градски услуги, со овозможен пристап до документи и плаќања, до информации за граѓаните и бизнисите на едно место.

Во рамките на проектот е развиена и мобилна апликација преку која граѓаните и туристите ќе добиваат информации за јавен превоз, настани и услуги во реално време, што, како што истакна Шукова, ќе придонесе за поголема поврзаност и функционалност на градот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Романскиот Патријарх: Вселенскиот Патријарх Вартоломеј I претставува силно сведоштво за единството на Православието

Во говор по повод осветувањето на надворешната фасада и мозаиците на Катедралата Народно Спасение во Букурешт, Даниел, Патријархот...

Орбан на средба со Папата

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на денешта приватна аудиенција во Ватикан побара од папата Лав Четиринаесетти да ги поддржи...

Скандинавските цркви во поддршка на Украина и правата на децата

Северноевропските црковни водачи упатија силен апел за враќање на украинските деца насилно однесени во Русија и одобрија финансиска...

Д-р Трајановски со план за Аеродром: чиста, безбедна и достоинствена општина

Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од СДСМ, ја претстави својата програма како план за „современа...