Рускиот патријарх не учествува на погребот на грузискиот Илија – И МПЦ-ОА нема своја делегација

Date:

Share post:

Рускиот патријарх Кирил нема да учества на погребот на грузискиот патријарх Илија. Иако Руската црква официјано не соопшти нишѕо околу цековната делегација што ќе присуствува на погребот, сосема беше јасно дека Кирил нема да дојде, откако Грузиската црква објави дека ополето ќе ги изврши Всленскиот патријарх Вартоломеј, кој утрово треба да стаса во Тбилиси.

Делегацијата на Руската православна црква ќе биде предводена од митрополитот Венијамин, поглавар на автономната руска црква во Белорусија.

На погребот на патријархот Илија нема да има ниту делегација на МПЦ-ОА. Од македонската архиепископија не објавија никакви детали за такво нешто, па причините зошто делегација на МПЦ-ОА не патува во Грузија засега нема. Нема најава ниту дали СПЦ ќе има своја делегација, откако стана извесно дека патријархот Порфириј не патува во Тбилиси.

Но во Тбилиси уште од вчера се Бугарскиот патријарх Даниил, Албанскиот архиепископ Јован и делегации на дриги помесни автокефални цркви.

Грузиската патријаршија не објави целосен список на делегациите, но тие се бројни. Свои делегации ќе имаат и Ватикан, Англиканската црква и други верски претставници. Голем е списокот и на политички претставници кои денеска се на погреб на патријархот на Грузија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img