Рускиот амбасадор гостин на литургијата на МПЦ-ОА и СПЦ за 730 години од црквата Пресвета Богородица Перивлепта во Охрид

Date:

Share post:

Македонската и српската црква, со заедничка литургија, одбележаа 730 години од изградбата и живописувањето на храмот “Пресвета Богородица Перивлепта” во Охрид.

Литургијата во еден од најмонументалните средновековни храмови во Македонија, ја отслужи Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима Стефан во сослужение со Митрополитот Дебарско-кичевски Георгиј и епископите Хераклејски Климент и Стобиски Јаков.

Од Српската православна црква немаше владици, како сослуѓители беа главниот секретар на Синодот Архимандрит Нектариј, Директорот на Патријаршијата Архимандрит Данило и Продеканот за меѓународна соработка на Православниот богословски факултет во Белград протопрезвитер- ставрофор проф. д-р Владимир Вукашиновиќ.

Специјален гостин на литургијата беше рускиот амбасадорот Сергеј Баздникин.

 

2 COMMENTS

  1. Една од најблагодатните цркви воопшто. Се надевам дека основните оштетувања се санирани соодветно за да не трпи натамошно пропаѓање.

  2. И оваа црква да не е задужбина на некој српски крал?

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img