Руската православна црква, преку добротворната фондација „Свети Григориј Богослов“ спроведува проект за обука на нова генерација теолози и црковни лидери, со цел да ги образува да се справат со предизвиците на модерниот свет преку дијалогот меѓу верата, науката и филозофијата.
Проектот предвидува да се утврди до кој степен се предаваат филозофијата и современите науки во образовните институции, потоа академски посети и стипендии за студирање на историја, теологија и философија на западнитефакултети, создавање на нови курсеви за постдипломска обука во рамките на црковната постдипломска школаитн.
Според раководството на фондацијата целта е да се подготват лидери кои ќе можат успешно да ја обединат православната теологија со современото научно и философско мислење, и така да ја отворат црквата кон културните и интелектуалните дијалози.
Овој потфат е од особено значење кога е во прашање Русија, зашто со ваквиот пристап РПЦ се обидува да одговори на кризата во прифаќањето и живеењето на верата, со надеж дека образовани, критички и културно ориентирани свештеници и богослови ќе можат да ги надминат предрасудите и да понудат современи одговори на верниците.
Сепак, прашањето останува дали овие нови лидери навистина ќе го променат начинот на функционирање на црквата, или само ќе станат нов слој во системот? Само времето може да покаже дали „новата генерација“ ќе значи и нов почеток.

