Конвој со хуманитарна помош влезе во два града, кои се под опсада на сириските владини сили, во близина на главниот град Дамаск, првпат од 2012 година, соопшти Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК), јавува германската агенција ДПА.
Конвојот од 37 камиони довезе храна и лекови за луѓето од Замалка и Арбил, прецизирa МКЦК. – Конечно им ја доставуваме на 20.000 луѓе толку неопходната хуманитарна помош, истакна организацијата.

