Претставници од Бигорски присуствуваа на именден кај вселенскиот патријарх

Date:

Share post:

Претставници од Бигорски манастир, со благослов на епископот Антаниски г. Партениј вчера и денеска присуствувале на одбележувањето на именденот на вселенскиот патријарх Вартоломеј, информираа за МИА, од Бигорскиот манастир.

– Меѓу многубројните присутни од повеќе земји, беа и нашите браќа, архимандритот Кирил и јеромонахот Еразмо, кои допатуваа во Фанар, како претставници на нашата монашка заедница, со благослов на нашиот Старец, епископот Антаниски г. Партениј, кој заради впишувањето на Светите Спасо и Спаса во Диптихот на Светиите не беше во можност и самиот да отпатува. Нашите отци беа удостоени со посебен прием во кабинетот на Неговата Сесветост, каде што му ги пренесоа честитките, молитвите и благопожелбите од нашиот Старец, од братството и од сестринствата – рекоа од манастирот.

Додаваат дека од своја страна, Патријархот им ја изразил на браќата својата срдечна благодарност и ги „испратил своите патријаршиски и татковски благослови за клирот и народот на Охридската Архиепископија“.

– Братството на Светата бигорска Обител му благодари на Бога што на светиот Вселенски Престол денес се наоѓа една таква богомдарувана личност, којашто е благослов за целата Христова Црква. Нашата радост е голема што во овие бурни времиња имаме Водач кој со својата мудрост и духовна длабочина ги води верниците кон светлината на Христовото познание. Од длабочините на своето срце, нашиот Старец, епископот Антаниски г. Партениј, заедно со браќата и сестрите, му посакува на Сесветиот Вселенски Патријарх г. г. Вартоломеј уште многу години да ја води Христовата Црква исто како и досега, со добри дела, со небесна мудрост и со татковска љубов. Секој негов збор и дело сесведоштво за силата на верата и љубовта кон ближниот, кои ни служат како пример и вдахновение – нагласуваат од Бигроски.

Празнувањето започнало синоќа со празнична Вечерна богослужба, на којашто молитвено престојувал Сесветиот Патријарх, а свеченото празнување продолжило и денеска со празничната Утрена богослужба и со Божествената Евхаристија.

/Нова Македонија

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

Балканот повторно се наоѓа на крстосница меѓу вистината и манипулацијата, демократијата и авторитаризмот. Како што се приближуват изборите...

Најдолгото гласачко ливче половина метар

Најдолгото гласачко ливче на овие избори е половина метар, откри директорот на печатницата „Киро Дандаро“, каде се печатеше...

ДИК: Одобрени уште осум барања за акредитации за набљудување на изборите, прифатени три приговори од гласачи

Државната изборна комисија денеска прифати уште три од вкупно четири пристигнати приговори од гласачи. Прифатени се два приговори...

Народниот правобранител отвора бесплатна телефонска линија за пријавување повреди на избирачкото право

Во канцеларијата на Народниoт правобранител во недела (19 октомври) на денот на одржувањето на првиот круг од Локалните...