Верски календар: 31 Јануари
КАТОЛИЧКА ЦРКВА/ Св. Иван Боско.
Бил роден во 1815 година во Беки, близу Торино. Во 1841 година го завршил школувањето и станал свештеник. Додека се подготвувал за света Миса, се појавило едно 16-годишно момче. Иван го прашал дали ќе му помогне кај олтарот, а момчето одговорило дека никогаш не присуствувало на Миса. Иван почнал да размислува дека треба да им помага на младите, а особено во Торино каде бил прочуен по неморал. Младите во Торино го сакале Иван бидејќи сакал да им помогне да станат добри луѓе. Свети Иван умрел во 1888 година. Му се молат луѓето за своите деца.