Поранешен јерарх на УПЦ во Москва: „Слава на претседателот и патријархот“

Date:

Share post:

Поранешниот јерарх на Украинската православна црква – Московска патријаршија, митрополитот Јонатан Елецких, кој во моментов престојува во Русија, одржа говор на конгресот на руското воено свештенство во Москва, кој беше оценет како еден од најемотивните моменти на пленарната седница.

Според Воениот оддел на Московската патријаршија, настапот на митрополитот се издвоил по својата реторика и пораките што ги упатил, со посебен акцент на улогата на рускиот државен и црковен врв. Во својот говор, тој истакна дека судбината на „татковината и Црквата“ е тесно поврзана со две личности – претседателот на Русија, Владимир Путин, и патријархот Кирил, кои ги опиша како „пионери на тоа движење“, од кои, според него, зависи иднината на „рускиот свет“.

Митрополитот Јонатан потсети и на личните врски меѓу двата центри на моќ, наведувајќи дека таткото на патријархот Кирил, Михаил Гундјаев, го крстил идниот руски претседател во Преображенскиот собор во Санкт Петербург, додека самиот патријарх подоцна го благословил Путин за претседателската функција во храм во Кремљ. Според него, тие „се надополнуваат и се разбираат“.

Говорот заврши со изразено одобрување и возвик: „Слава на нашите херои – претседателот и патријархот“, што предизвика силни реакции и дополнително внимание кон улогата на црковната реторика во контекст на актуелните воени и политички случувања во Русија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img