Оливер Поповски, кандидат за градоначалник на Општина Кисела Вода, предложен од коалицијата „Искуство за успех“, смега дека решението за урбана и функционална Општина Кисела Вода, е општина во која секој е слушнат и секој е важен.
Во неговата програма тој предлага, реконструкција на постојните патишта и изградба на нови, со велосипедски патеки. Изградба на нова и реновирање на канализационата мрежа.
-Нови паркови и подобрување на постоечките, нови градинки, училишта и јавни зелени површини за рекреација на граѓаните, особено во густо населените делови. Унапредување на јавната безбедност со систем од камери, паметно улично осветлување и воведување на Smart City – платформа за „паметен град“, велат од Коалицијата Искуство за успех.
Како дел од програмата се и поволни услови за развој на локалната економија преку поддршка на мали и средни бизниси. Програми за рециклирање, намалување на отпадот и заштита на природните ресурси како и организација на едукативни и културни настани.
-Гласот за Оливер е глас за современа и безбедна Кисела Вода, општина која е партнер со граѓаните и нивни вистински сервис, а не пречка во нивното секојдневие, велат од оваа коалиција.

