Почна изградбата на црквата „Свети Јоаким Осоговски“ во штипско Софилари

Date:

Share post:

Во штипското село Софилари денеска од страна на свештеници на Брегалничката епарија, а на иницијатива на жителите кои се иселиле, беше поставен камен темелник на црквата посветена на Свети Јоаким Осоговски.

2Протоереј ставрофор во Брегалничката епархија, Николче Ѓорѓев истакна дека иницијативниот одбор се согласил храмот да биде посветен на Свети Јоаким Осоговски и да биде заштитник на нивното село, бидејќи во овој крај нема цркви кои се посветени на овој светител. Во моментов во штипскиот регион се градат шест цркви.

– Во литературата во старите турски документи може да се најде и да се прочита дека некаде во 1.560 година има две цркви на овие простори. Едната била посветена на Свето Благовештение, а другата на Преображение Господово. Ја знаеме историјата со текот на времето биле разрушени и забаровано каде биле и каде постоеле овие храмови. Но сепак духот останал кај жителите на село Софилари и еве пак повторно се подига храм, вели Ѓорѓев.

Ацо Ангеловски кој веќе 15 години живее во Италија ја почнал инцијативата за изградба на црква во неговотородно место. Во ова село живеат само девет поворасни жители, но Ангеловски вели дека од страна на иселениците, но и од граѓани на Штип има интерес овде да се купуваат парцели и стари куќи за да се населат. Смета дека со изградбата  на црквата, селото повторно ќе заживее, а од страна на локалната власт очекуваат помош повторно да имаат вода во домовите, бидејќи ова село имало бунари и водоводна мрежа уште во 1954 година.

Од Брегалничката епархија велат дека очекуваат и наскоро да се почне и со изградба на храм во селото Драгоево, кое е единствено село во штипскиот регион кое нема црква.

/МИА

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Во Букурешт на литургија спомнат Епифаниј, но не и Стефан

На 27 октомври 2025 година, во Букурешт (Романија), за време на заедничка литургија предводена од Вселенскиот патријарх Вартоломеј,...

Црквата на Македонија ја поддржа Русија?

Посетата на Митрополиот Петар и на Епископот Никола на Москва предзвика големо внимание во црковните кругови во Украина....

Вартоломеј доби највисоко државно одликување од Романија

Највисокото државно одликување на Романија —„Огрдениот ѓердан на Орденот на Ѕвездата на Романија“ — му беше доделено на...

Полската црква иницира сеправославен собор

Синодот на Православната црква на Полска побара свикување на сеправославен Собор за решавање на отворените прашања во православниот...