Владиците од помладата генерација, Пимен, Јосиф Тетовски и Јосиф Кумановски ја продолжуваат традицијата за заедничка богослужба на денот кога Црквата го чествува споменот за тројцата Свети архиереи, Василиј Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст. Тие имаат секој свој посебен ден на празнување во месецот јануари. Но овој заеднички празник е востановен во 11 век за време на царот Алексиј Комнен, кога се случила расправа меѓу народот околу тоа кој од овие тројца светители е најголем. Како што стои во светите книги, по Божја Промисла овој спор бил решен во корист на Црквата и на уште поголема слава на овие тројца светители.
Традицијата тројцата митрополити на МПЦ да му дадат голема чест на овој празник со заедничко сослужување ја почна Тетовско-гостиварскиот Митрополит Јосиф, кој минатат година ги покани владиците на служба во Тетово.
Годинава, Пимен, Јосиф и Јосиф служеле во Манастир св. Јоаким Осоговски во Кумановско-осоговската епархија.
Владиката Пимен најави дека следната година службата за овој празник ќе биде во Виена, во Европската епархија на МПЦ.
-И надеж за секој што се одалечил од Бога дека ако се покае Господ Бог со радост ќе го прими назад во Својата прегратка, но и опомена за оние кои осудуваат дека не треба да го презрат братот свој бидејќи не го знаеме неговото покајание. Благодарност до домаќинот митрополитот Јосиф Кумановски за поканата и гостопримството. Благодарност и на митрополитот Јосиф Тетовски кој ја воспостави традицијава за служење заедно лани.
Се гледаме догодина во Виена да продолжиме традиција, напиша Владиката Пимен на својата фејсбук страница.



