Песна, благослов и радост: каланди кај Архиепископот г.г. Стефан

Date:

Share post:

Во пресрет на празникот Христово Рождество, традицијата на божикните каланди и Бадниковите поворки продолжува да ја носи радосната вест за раѓањето Христово во срцата на верниците.

Во тој дух, млади музичари преку песна и сведоштво ја најавуваат Божикната радост, како дел од подготовките за централната бадникова манифестација во Скопје, што и оваа година ќе обедини илјадници деца и семејства.

-Денеска група млади музичари, предводена од Дарио Стојановски, го посети Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во Архиепископијата во Скопје, и ги испеа божикните каланди. Средбата помина во топла и благословена атмосфера, исполнета со искрени разговори за претстојните Бадникови поворки и радоста што тие ја носат во срцата на децата и семејствата, како жива најава за светлиот празник Христово Рождество. Централната бадникова манифестација ќе се одржи на 6-ти јануари на Градскиот плоштад во Скопје. Бадниковата поворка започнува точно во 12:00 часот од Музејот на Град Скопје и ќе се упати кон Плоштад „Македонија“, каде што ќе биде изведен големиот музичко-сценски настан „Божикна авантура“, со учество на повеќе од 40 изведувачи во живо – актери, музичари и „Златно славејче“. За сите семејства и деца кои сакаат да добијат божикна ѕвездичка и подарок – уметнички магнет со мотив од Божикната пештера, потребно е да пристигнат најмалку 15 минути порано, односно во 11:45 часот, пред Музејот на Град Скопје. Со божикната радост, срца да стоплиме, стои во соопштението од организацијата Бадникови поворки 2026

/Црковен журнал – Логос

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img