Во највисокото раководство на Синодот, не мислам на поглаварот, има луѓе кои соработуваат со руските служби. Ваква информација обелодени Претседателот Стево Пендаровски во вчерашното гостување на ТВ 24, посочќувајќи дека овие информации ги споделил со највисоките црковни достојници. Потенцира дека информацијата се базира на извештаите на органите кои се бават со таа работа, меѓу нив и НАТО.
На прашањето дали руското влијание има вмешано прсти во протестот на МПЦ, Пендаровски посочи дека тоа постои, но не би било во ред да им се одземе легитимноста на оние што протестирале.
-Руско влијание неспорно имаше и при упадот на 27 април во Собранието, но не можеме да кажеме дека немаше легитимно незадоволство на граѓаните. И сега ако имате повик од највисоката инстанца, Синодот на МПЦ, не може да кажеме дека некоја руска служба го натерала дедо Стефан да потпише такво соопштение. Постои легитимна загриженост кај Синодот, не зборувам дали се во право или не се, рече претседателот.
Тој посочи дека има налепени руски елементи и тоа во највисокото раководство на Синодот и „тие тоа го знаат“.
-Во највисокото раководство на Синодот, не мислам на поглаварот. Јас знам и тоа сум им го кажувал на највисоките црковни достојници. Се базирам на извештаите на органите кои се бават со таа работа. Не само на Агенцијата за разузнавање, членка сме на НАТО, од 30 други земји, од 30 други служби добивам информации бидејќи сме дел од тој заеднички систем за споделување на информацииод разузнавачки и безбедносен карактер. Ние немаме таква сила од тука во Скопје да знаеме што се случува во Кремљ, меѓутоа во тоа партнерство ни помагаат доста и имаме доволно информации што се случува“, рече Пендаровски.
Тој беше дециден дека во јавноста не може да се сподели информација за имињата на оние кои се поврзуваат со руските служби, бидејќи тоа се сензитивни работи, посоќувајќи дека во бизнис заедницата на високи позиции има луѓе кои одработуваат за Русија, во политички партии има луѓе кои се врзани со руските служби.
Во МПЦ-ОА сега има 17 Архиереи, од кои како членови на Синодот, со новите тројца епископи се 14. Меѓу нив има тројца кои во јавноста јавно застапуваа проруски ставови. Двајца од нив, Петар и Григориј неодамна беа главни гости на приемот на руската амбасада, но тоа немора да значи дека информациите со кои располага Претседателот се однесуваат на нив.


Stevo 0.2 mizeren si. Za greota ste Randu! Za greota!
Она кога се прави човек ‘ луд за пензија’ . Исто и неговиот шеф Заев кога викаше дека Бугарските фашисти во 1941 биле администратори во МК! Јад и беда! Не е ни чудо што ни спремаат педофилски закони.
Стево, провери да не има и покемони ! Иако си претседател на МК , твојата изјава е за ново продолжение на ‘монти пајтон или Алан Форд’ . Толку е вистинита.
Покемони.. или не…
Ако Чепмен со другарите и Банкер (Секи) по некоја случајност живееле во Русија, што мислиш, каде ќе завршеа? Толку е вистината!!!
кај Асанж, во Гвантанамо!
Или со плутониум, наместо шеќер, во чајот?
така работат Американците : Јужна Америка, Југославија, Сирија, Либија , Ирак , Авганистан, – извоз на демократија на крилата на бомбардерите со ураниум!
Па добро… Ирак и компанија: некако и да голтнам. Ама Југославија… Веројатно мислиш на т.н. Српски свет… Уф уф. Понекогаш снегот паѓа за да лисицата си ги покаже трагите. Или мечката?
Со кое право НАТО бомбардираше во Југославија? И во Сирија, Либија, Ирак Авганистан? Бидејќи немаш храброст да кажеш за да не ги навредиш газдите од Вашингтон , да те потсетам: со измислена хуманитарна катастрофа, со измислено оружје за масовно уништување на Садам, што до денес го нема, со измислени злосторства на Гадафи, со измислена борба против тероризмот! Е на тоа се темели западната ‘ тиранократија! На жалост, тие го тероризираат и сопствениот народ !
А што се однесува до т.н Српски свет: денешната држава Р.Македонија , е формирана исклучиво на делот од Вардарска Македонија, што го ослободила српската војска во 1912-13 година од турската окупација! За другите делови, замоли го Вартоломеј да ја отстапи Егејска, и Бојко, за Пиринска! Или , тие светови , грчки и бугарски , кои се се уште присутни на територијата на т.н Етничка Македонија, се оправдани? Ќе ги потсетиш ли доблесно да се повлечат како што тоа го направил” српскиот свет”, во 1991? Или не смееш ништо да кажеш , за да не ги навредиш?
Па така кажи… Просветли не… Убаво што ни одржа лекција и кажа кој ја ослободил Македонија од Османлиите.
Убаво реков јас: снегот понекогаш паѓа за да лисицата ги покаже трагите.
Ти стално ‘ убаво говориш’! Ама забораваш историски факти. Или ги первертираш…
Кога ќе ја повикаш Бугарија и Грција да ги напуштат ‘ окупираните територии ‘? Не смееш…ни да помислиш! Оти ќе треба да се соочиш со реалноста!
Stevo, nemaš pojma što zborvaš, samo lupaš gluposti