Папата Франциск во саботата во приватна аудиенција во Ватикан го прими палестинскиот претседател Махмуд Абаз, кој потоа го инаугурираше палестинското претставништво во Ватикан.
Палестинското дипломатско претставништво е сместено во зградата спроти Ватикан, во која веќе се амбасадите на Перу и Буркина Фасо.
Во краткото обраќање до новинарите, Абас повтори дека се противи на премесувањето на американската амбасада во Израел, од Тел Авив во Ерусалим.
Новиот американски претседател Доналд Трамп вети во изборната кампања дека ќе го признае Ерусалим за престолнина на Израел и дека ќе ја дислоцира амбасадата од Тел Авив во Ерусалим.
Ватикан во соопштението за средбата на папата Франциск со Абас, наведува дека Ватикан се надева оти директните преговори меѓу двете страни ќе помогнат во прекинот на насилствата меѓи Израелците и Палестинците и дека ќе биде постигнато праведно и трајно решение на конфликтот.

