Папата го посветил Божикниот концерт во Сикстинската капела на децата без мир

Date:

Share post:

По повод празнувањето на Рождество Христово според грегоријанскиот календар, папата Лав XIV присуствувал на концерт на Сикстинскиот папски хор, кој се одржа во Сикстинската капела во Ватикан.

Настанот бил организиран како дел од богослужбената и културната програма што го заокружува периодот на Божиќните празници, а целта беше да се прослави радоста и духовната длабочина на празникот преку музичкото изразување на традиционалните црковни химни и богослужбена музика.

Сикстинскиот папски хор, составен од вокални солисти со долгогодишна традиција во изведување на католичката богослужбена музика, настапи пред присутните верници и гости во Сикстинската капела, едно од најпознатите светски црковни и уметнички светилишта. Музичката програма вклучувала избор од класични црковни химни и композиции кои ја одразуваат богословската порака на празникот Бадник, време кога католичката Црква го заокружува Божикниот период.

Во својот говор, папата Лав XIV го споил значењето на музиката со некои од најитните повици во светот. Според него, концертот на кој присуствува одразува Црква која ги слуша страдањата на светот. При крајот на своето обраќање, Папата заклучил: „Би сакал да го посветам овој концерт на децата кои, во многу делови од светот, го преживеаа овој Божиќ без светла, без музика, дури и без она што е неопходно за човечкото достоинство и без мир.“„Нека Господ, на кого сакавме да му ги воздигнеме нашите песни на пофалба вечерва, го чуе тивкиот плач на овие малечки“, се молеше тој, „и нека му подари на светот – преку застапништвото на Богородица – правда и мир.“

Папата Лав XIV, испрати благослов и благодарност до хористите и до сите присутни за нивното учество во богослужбеното и културното обележување на празниците. „Нема Божиќ без песна“, со овие зборови, папата Лав XIV го затворил Божикниот концерт на хорот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img