Римокатоличкиот поглавар, Папата Франциск ги предупреди сите кои се одговорни за бомбашките напади во Апело во Сирија дека еден ден ќе одговараат пред Бог и дека ќе мораат своите сметки таму да ги приложат.
Франциск повторно изрази огромно разочарување од продолжувањето на воениот конфликт во Сирија и ги повика сите светски лидери да прекин на воените страдање. Папата бара мир за како што вели „саканата и измачена Сирија“.
-Моите мисли уште еднаш се свртени кон саканата и измачена Сирија. Продолжуваат до мене да пристигнуваат драматични вести за судбината на народот во Апело, со кој се чуствувам соединет во страдањето преку молитвата и духовната блзина. Искажувајќи длабока тага и длабока загриженост за она што се случува во овој веќе маченички град, каде умираат млади, стари, болни.. сите, повторно на сите им испраќам повик да се вклучат во заштита на цивилите, што е обврзувачки и итен императив. Апелирам на совеста на оние кои се одговорини за бомбашките напади, а кои пред Бог ќе мораат да ги положат своите сметки.
/РЕЛИГИЈА.МК

