Папата донира половина милион долари за мигрантите во Мексико

Date:

Share post:

Папата Франциско донираше половина милион долари за помош на мигрантите во Мексико и локалните организации кои обезбедуваат храна, засолниште и останати средства за живот.

Во Мексико минатите месеци стигнаа илјадници мигранти од Хондурас, Ел Салвадор и Гватемала, меѓутоа американските власти не им допуштаат да влезат во САД, пренесе „Гласот на Америка“.

Помошта од Папата е наменета за над 75.000 лица кои во Мексико стигнале лани.

„Сите тие се заглавени на границата, без дом и основни средства за живот, а без можност да влезат во САД“, наведе Ватикан во соопштението.

/makfax

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img