Кристо Роџевски, вокалист, гитарист и композитор роден во Македонија, а кој живее во Њујорк објави музички албум од 26 песни кои се исклучително интересна комбинација на православни химни обработени од нелолку делови на светот.
Албумот под наслов, Ортодоксија Каи Танатос има лингвистички, психоаналитички и антрополошки пристап кон христијанските православни песнопенија. Настанати се по серија обемни патувања низ Југоисточна Европам Африка и Блискиот исток. Проектот се стреми да обедини и нè потсетува на заедничката основа споделена низ вековите.
-По десетина години патувања и проучувања на звукот и нарацијата на ортодоксните химни во некои од најсветите места на Југоисточна Европа, Блискиот Исток и Северноисточна Африка, конечно ја снимив својата верзија на овие мелодии. Искрено, рапаво и на седум јазици: македонски, арамејски, арапски, старогрчки, коптски (древноегипетски), старословенски и гиз (староетиопски). Ова не е теолошки или академски албум, туку интерпретација на тоа како обичниот верник живее и се справува со концептот на смртта во ортодоксијата. Штотуку извадено од рерната, топло и свежо, навреме за празниците. За многу години!, напиша вокалистот Роџовски на фејсбук.
Албумот можете да го купите ОВДЕ.
