Чувајте ја љубовта, не дозволувајте раздор. Оваа порака преку својтот фејзбук профил, ја испрати Отец Бобан Митевски, споделувајќи мисла од Архимандрит Кирил Павлов.
-А најважно – треба да се чува љубовта. Не треба никакво непријателство, никаков раздор. Таа помисла ја дал непријателот. Треба да се чува љубовта. Не треба да му се дава на непријателот да создаде никаков раздор. Непријателот се плаши од мирот. Непријателство е неговото најдокажано средство. Затоа, ви посакувам, братството да ви биде едногласно. Трпете се меѓусебно, простувајте си еден со друг. Токму како што кажал апостол Павле: Возљубени и избраници Божји, облечете се во милосрдие, добрина, смиреност, кротост, долготрпеливост, трпете се еден со друг и простувајте си ги заемните навреди, оптужувањата. Особено облекувајте се во љубов, која е врска на совршенството. Божјиот мир да владее, да господарува во сите срца. Ние сме повикани во едно тело и бидете благодарни.
– Архимандрит Кирил Павлов, напиша Отец Бобан на фејсбук.


