Интернет порталот 4news.mk, објави фотографии од осветување на новите возила на МВР. На фотографиите се гледа свештеник, како поминува покрај возилата и ги прска со света вода.
Од фотографиите се гледа дека возилата се паркирани во дворот на МВР.
Религија.мк побара став од МВР, дали овие фотографии се веродостостојни, бидејќи ваков настан јавно не беше случен.
Од МВР велат дека случајот ќе го истражува внатрешната контрола на полицијата.
– Во однос на објавените фотографии за кои прашувате, Министерството за внатрешни работи ве известува дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР презема соодветни мерки и активности за целосно утврдување на околностите, по што, јавноста ќе биде соодветно информирана, велат од МВР за Религија.мк

