Комисијата за односи со верските заедници најостро реагира на вандализмот врз ликот и делото на Мајка Тереза. Комисијата ги осудува сквернавењата на спомен обележјата на најголемата хуманистка родена во Скопје.
-Во годината во која ја прогласуваме за светица нашата сограѓанка Мајка Тереза, во година во која прогласувањето на нејзината светост е и наша македонска светост, оваа година во која и државниот секретар на Ватикан Пјетро Паролин се поклони во нејзиот дом, во оваа јубилејна година бездушните се обидоа да ја сквернават и нејзината плоча, при тоа навредувајќи ги чувствата не само на католиците, туку и на сите почитувачи на ликот и делото на Мајка Тереза. Во безумието нивно злите раце удрија и врз Светицата! Жената Мајка Тереза која се роди во земјата на Големата Мајка за да биде Мајка на целиот свет, жената која се што беше скршено го спојуваше и обединуваше со љубов, надеж и исцелување, стои во реакцијата на директорката на Комисијата за односи со верските заедници, Валентина Божиновска.

