Оланд: Исламистичката закана никогаш не била посериозна

Date:

Share post:

Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави денеска, по нападот врз католичката црква во регионот Нормандија, во кој е убиен свештеник, дека исламистичката закана за Франција и Европа никогаш не била посериозна.

Оланд истакна дека војната против екстремистите во земјата и во странство ќе биде долготрајна.

Crkva francija 3– Соочени со оваа закана, која никогаш не била поголема во Франција и Европа, француската Влада е апсолутно решена да го порази тероризмот, нагласи францускиот претседател.

Тој денеска, по нападот на црквата, го откажа патувањето во Прага каде требаше да разговара за прашањата за ЕУ.

Оланд ги повика Французите да останат обединети и да не се вртат едни против други.

– Терористите сакаат да не поделат, раздвојат и да не свртат едни против други, нагласи францускиот претседател.

Франција воведе силни безбедносни мерки како никогаш досега во нејзината историја, но нема да ја ограничи слободата ниту да ја комплицира демократијата, објасни Оланд.

/МИА

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img