Одбележани 10 години од осветувањето на црквата во Кавадарци

Date:

Share post:

Архиепископот Стефан и уште четворица владици на МПЦ-ОА сослужуваа на денот на Света Петка во црквата во Кавадарци. Домаќинот митрополитот Повардарски, Агатангел, митрополитот Тетовско-гостиварски Јосиф, митрополитот Кумановско-осоговски Григориј, митрополитот Дебарско-кичевски Георгиј, заедно со архиепископот воедно одбележаа и 10 години од осветувањето на овој храм, посветен на Света Петка.

-На овој празничен ден, радоста беше зголемена и со одбележувањето на еден значаен јубилеј во црковното битисување на градот Кавадарци, Повардарската епархија, како и на Македонската православна црква воопшто, а тоа е 10 годишнината од светиот чин на осветување на овој велелепен храм, за кој Митрополитот Агатангел од своето запоседнување на Повардарскиот трон имаше замисла и голема желба за негова изградба во градот Кавадарци. Оваа црква, која го украси градот Кавадарци, во овие десет години стана вистинско духовно прибежиште на кавадарчани, дом Божји во кој многумина наоѓаат утеха, надеж и благослов, место во кое секојдневно ги принесуваат своите молитви кон Господ Бог и целата Небесна ерархија, место во кое се случија многу убави и радосни настани како крштевки и венчавки, духовни академии, и место во кое со векови ќе се слуша велелепното созвучје на црковните камбани, кои ќе ги повикуваат жителите на овој град на богослужбите кои се принесуваат за нивен духовен напредок и благосостојба на градот Кавадарци, велат од Повардарската епархија.

На настанот присуствуваа градоначалникот, Митко Јанчев, министерот за внатрешни, Панче Тошковски, министерот за кулура, Зоран Љутков, и други политичари.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Вартоломеј доби највисоко државно одликување од Романија

Највисокото државно одликување на Романија —„Огрдениот ѓердан на Орденот на Ѕвездата на Романија“ — му беше доделено на...

Полската црква иницира сеправославен собор

Синодот на Православната црква на Полска побара свикување на сеправославен Собор за решавање на отворените прашања во православниот...

Папата Лав за најавената средба со Вартоломеј – Еден Господ, една вера, едно крштевање

Ватикан објави дека фразата што го опфаќа подлабокото значење на претстојното патување на папата Лав XIV во Мала...

Вартоломеј во Анкара

Всленексиот патријарх Вартоломеј на покана од претседателот Реџеп Таип Ердоган е во Анкара, за денот на Републиката. -Во придружба...