Од Берлин почна маршот за Алепо

Date:

Share post:

Неколку илјади лица денеска го почнаа маршот од Берлин до Сирија, апелирајќи на тој начин на завршување на борбите во оваа земја.

proteМаршот за Алепо, во кој учесниците носеа бели знамиња, почна од некогашниот берлински аеродром Темпелхоф.

Организаторите планираат учесниците секој ден да минуваат 20 километри и за околу три месеци да пропешачат од Германија, преку Чешка, Австрија, Словенија, Хрватска, Србија, Македонија, Грција и Турција да стигнат до Сирија.

Учесниците се надеваат дека ќе стигнат барем до границата меѓу Турција и Сирија и доколку тоа биде можно и да влезат во Алепо, кој до неодамна беше арена на жестоки борби.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img