Неизвесна судбината на втората епархија во Австралија – нема најави за избор на наследник на владиката Тимотеј

Date:

Share post:

Австралиско-сиднејската епархија останува без нов митрополит и по денешната вонредна сиднодска седница во полн состав. Владиците се собраа само да го потврдат барањето на владиката Петар за негово разрешување од Австралиско-новозеландската епархија и да го изберат Никола за негов наследник.

За другата, Австралиско-сиднејска епархија денеска не се решавало. Година и четиори месеци по смртта на владиката Тимотеј, кој администрираше со нејзе, судбината на оваа епархија останува неизвезна.

Синодот во соопштението не спомна никакви детали, иако токму за оваа епархија се очекуваше пополнување на испразнетото место. Нема најава ниту дали, и кога ќе се избора надлежен архијереј.

Портпаролот на Синодот, владиката Климент, денеска по седницата во изјава за Сител, посочи дека со епархијата ќе продолжи да администрира Архиепископот Стефан, а целата коресподенција да оди преку Синодот.

-Неговото Блаженство упати барање до членовите на Светиот синод од сега па понатаму со таа епархија да раководи Синодот, тој повторно ќе биде активно вклучен, меѓутоа целата коресподенција ќе доаѓа преку канцеларијата на Светиот сиднод, изјави за ТВ. Сител, портпаролот на Синодот.

Извори за Религија.мк велат дека денеска на седницата архиепископот Стефан предложил со епархијата да управува Синодот, но по укажување од владиката Јован, дека такво нешто е невообичаено, архиепископот предложил формално тој да остане како администратор, но управувањето на епархијата да оди преку Синодот.

Што тоа поддразбира засега нема јасно дефинирање.

Денеска клучна седница на Синодот – разрешување на владиката Петар од Австралија, кој ќе го наследи?

Но, самиот факт што за оваа епархија нема најава за избор на нов митрополит, укажува на моментот дека постои идеја за обединување на двете епархии во Австралија, со кои во иднина како една би управувал сега избраниот митрополит Никола. Религија.мк веќе објави дека таквото сценарио е во игра и дека станува се поизвесна опција, за разлика од најавте за избор на игуменот Гаврил за иден митрополит, или за назначување на владиката Наум за можен администратор.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img