Национализмот не е христијански

Date:

Share post:

Кога христијанството се појавило во Римското царство пред две илјади години, не било пречекано со одобрување ниту од Евреите ниту од Римјаните. Напротив, новата вера била прогласена за опасна, неморална и бунтовничка. Така, Црквата била родена во свет непријателски настроен кон неа.

Но по неколку векови прогони, христијанството го освоило Римското царство и станало државна религија. Тогаш христијаните морале да се соочат со ново прашање — што значи да се има власт во свет каде Христос самиот рекол:

„Моето Царство не е од овој свет“ (Јован 18:36).

Исус, стоејќи пред Пилат, ја прифатил титулата „цар“, но го објаснил своето царство како духовно и небесно. Тој не е цар како Ирод или Цезар, затоа што Неговото царство не се мери со земски мерила. Христос не се борел за политичка моќ, ниту пак ја посакувал. Напротив, според Евангелието по Лука, сите земски царства му припаѓаат на сатаната, и Христос не ја оспорил таа изјава.

Во истиот дух, апостол Павле потсетува:

„Нашиот дом е на небесата, од каде го очекуваме Спасителот“ (Филипјаните 3:20).

Христијаните, вели тој, живеат во светот, но не припаѓаат на него. Тие се „сол и светлина на светот“, а нивната цел е да го прослават Бога, а не да владеат со луѓето.

Христос јасно ја разграничува Божјата власт од човечката:

„Дадете му на Цезар тоа што е на Цезар, а на Бога тоа што е Божјо“ (Марк 12:17).

Овие зборови не дозволуваат мешање на државата со верата. Не можеме да служиме на два господари — на Бога и на земските интереси.

Државите бараат да ги сакаме и Бога и татковината, но Христос предупредува дека не можеме да бидеме лојални на две страни. Затоа христијанинот мора да биде добар граѓанин, но не и националист. Национализмот го претвора државниот идентитет во идол, што е спротивно на Верата.

Старохристијанскиот документ Писмо до Диогнет вели:

„Христијаните живеат во своите земји, но како странци; учествуваат во сè како граѓани на земјата, но сè претрпуваат како туѓинци. Својата татковина им е туѓа, а секоја странска земја им е татковина.“

Христијанинот може да биде патриот, но неговата љубов кон државата мора да остане во рамките на Божјиот закон. Секое возвишување на нацијата над верата е отстапување од Христос.

Дури и кога Христос им рече на учениците да земат мечови (Лука 22:36), не ги повика на насилство — два меча беа „доволни“. Зашто царството Негово не се гради со оружје, туку со љубов.

„Љубете ги ближните, странците и непријателите“, учи Христос, а апостолот Јаков предупредува:

„Пријателството со светот е непријателство со Бога“ (Јаков 4:4).

Тие што го мешаат христијанството со национализам го одрекуваат Евангелието. Христијаните не се повикани да бегаат од светот, туку да го преобразат со љубов и смирение. Христос не нè оддалечува од светот, туку нè чува од злото, за да бидеме светлина меѓу луѓето.

Пишува: о. Тед Бобош – 2021 г. (Преведено и подготвено од Црковен Журнал – Логос)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Православната Црква на Украина остро го осуди Патријархот на Москва

Светиот Синод на Православната Црква на Украина (ПЦУ), на последната седницата разгледувал две главни прашања. Континуираното мешање на...

Црквата на Грција со рекордни 128 милиони евра за добротворна работа во 2024 година

Во текот на 2024 година, Црквата на Грција потроши неверојатни 128 милиони евра за хуманитарна и добротворна дејност,...

Чешка воведува санкции за Иларион Алфеев – се соочува со забрана за влез и замрзнување на имот поради сомнежи за шпионажа

Владата на Чешка, предводена од премиерот Петар Фијала, подготвува воведување санкции против митрополитот Иларион (Алфеев) – поранешен „министер...

Бугарскиот патријарх Даниил ќе ја посети Вселенската патријаршија за Божиќ

Во Истанбул, Вселенскиот патријарх Вартоломеј најави дека новоизбраниот патријарх на Бугарската православна црква, Неговото Блаженство г. Даниил, ќе...