Здружението „Бадникови поворки“ подготви божикен серијал „Најубавиот подарок за Божик“ – кратка видео-серија од четири епизоди, создадена со љубов за децата, но и за сите оние кои сакаат да се потсетат на вистинската смисла на Божик.
Серијалот е реализиран од Ра-Ли продукција за Бадникови поворки, во режија на Владо Дојчиноски, со учество на деца кои со својата искреност и чистота носат силна порака што допира до секое срце.
Во четири кратки, но длабоко содржински епизоди, во траење од 5 до 7 минути, се раскажува приказната за Рождеството Христово – приказна што не се гледа само со очи, туку се чувствува со срцето.
Религија.мк ќе ги емитува суте четири епизоди. Премиерната прва епизида е вечерва во 19 часот на Јутјуб каланот на Религија.мк

