Во катедралната црква „Света Софија“ во Охрид, на денешен ден, во 1986 година, на црковно-народен собир, е избран Гаврил II бил за трет Архиепископ охридски и македонски, на возобновената Охридска архиепископија како Македонска православна црква.
Следниот ден во црквата „Свети Климент“, новоизбраниот поглавар положил свечена заклетва и му биле врачени архиепископските обележја.
Гаврил II доаѓа на тронот на Охридските архиепископи по трагичната смрт на неговиот претходник, Ангелариј.
Архиепископот Гаврил, заради старост и кревкото здравје, поднел оставка, а од 1993 година се повлекол во осамување во неговиот стан и ниту еднаш не излегол од него сѐ до неговата смрт. Починал во 1996 година и е погребан во манастирот „Св. Наум“ во Радишани крај Скопје.
Гаврил бил првиот македонски архијереј кој ја обновил древната традиција, фрлање крст во реката Вардар.
По повод големиот национален празник Илинден, исто така за првпат започнала традицијата редовно да се испраќа Соборна Синодска посланица до верниците, а за првпат новото време Гаврил го нарече „време на третиот Илинден“.

