Магазинот „Плејбој“ можеби изгледа дека не е место за жени кои носат хиџаб, но новинарката Нур Тагоре успеа да го спои навидум неспоивото. Облечена во фармерки, кожна јакна и патики, Тагоре позираше за најпознатиот магазин за мажи во светот.
Новинарката се фотографирала за октомвриското издание на популарниот еротски магазин, чија тема овој пат е „Одметници“. Инаку, оваа 22-годишна девојка се занимава со новинарство, а во моментов работи како известувач за мрежата „Њузи“.
– Искрено, мислам дека тоа што сум муслиманка која носи хиџаб ми помогна да добијам доверба кај своите соговорници – вели таа во интервјуто за „Плејбој“.
Преку интернет добила многу негативни коментари и остри критики, но тврди дека тоа не ѝ влијае многу.
– Тоа е негативна енергија, која не е здрава. Јас се обидувам околу себе да создадам круг на луѓе кои ќе ме поддржат во моите цели. Без разлика дали сум дома или на работа, ги слушам само критиките на оние луѓе кои се добронамерни и работам на тоа да ги поправам грешките. Инаку, се обидувам да не се грижам за луѓето на кои не им се допаѓа тоа што го зборувам или облеката што ја носам – вели Тагоре.
Таа додава дека фактот што носи шамија на телевизија ја прави посилна и ѝ влева самодоверба.
/ТЕЛЕГРАФ.МК

