Муслиманите во светот се согласија, Курбан Бајрам е на 12 септември

Date:

Share post:

Муслиманите од целиот свет, како ретко кога заеднички ќе го одбележат Курбан Бајрам во исти ден. Откако претходно Дијанетот на Република Турција објави дека годинава Курбан Бајрам е на 12 септември  и Високиот Суд на Саудиска Арабија соопшти дека на 11 септември недела, аџиите ќе престојуваат во Арафат, а следниот ден понеделник 12 септември е првиот ден на Курбан Бајрам.

kurban bajramОва е реткост муслиманите од целиот свет да го прослават Бајрам на ист еден ден, со оглед на тоа дека досега имаше различни пресметки меѓу календарите на Турција и на Саудиска Арабија.

Муслиманите во Македонија се водат според календарот на Турција и ИВЗ во својот верски календар од поодамна има соопштено дека Курбан Бајрам е во понеделник на 12 септември.

/РЕЛИГИЈА.МК

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img