МПЦ-ОА: Националните интереси можат да се сочуваат само преку личната одговорност

Date:

Share post:

Синодот на Македонската православна црква ги повика политичките лидери да ја зачуваат уставната позиција на македонскиот јазик, а сегашноста и иднината да се гради преку унитарниот карактер на државата.

sinod-na-mpc-9Владиците на својата редовна седница, одржана на 23.02.2017 година искажале голема загриженост за актуелната ситуација во која се наоѓа македонското општество.

-САС на МПЦ со татковска љубов повикува на меѓусебно почитување, проштевање, помирување и одговорност. Македонските национални државни и стратешки интереси можат да се сочуваат само преку личната одговорност на секого од нас. Тоа подразбира живеење по Божјите заповеди, запазување на државните институции и националните права загарантирани со Уставот на РМ. МПЦ е духовна мајка на сите православни верници и на сите други независно од нивната национална и етничка припадност и таа родителски се застапува да не биде повредено ничие национално, етничко и верско достоинство.

САС на МПЦ апелира до политичките лидери да ја зачуваат уставната позиција на македонскиот јазик на територијата на РМ согласно со Уставот на РМ. Сегашноста и иднината на Македонија ја гледаме преку сочувувањето на унитарниот карактер на РМ, а за сето ова ни е потребно меѓусебно помирување и национално единство. Стремејќи се кон тоа, нашиот верен народ треба да се раководи и од Евангелските христијански вредности, стои во соопштението на Синодот на МПЦ-ОА.

Архиереите на МПЦ ценат дека на Македонија ѝ е потребен попис на населението кој треба да биде изготвен не заради одземање на нечии права, туку за остварување на придобивките на сите граѓани што живеат во Република Македонија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img