Московски патријарх Кирил предлага создавање Совет на религии при ООН

Date:

Share post:

На VIII Конгрес на лидерите на светските и традиционалните религии во Астана, Патријархот московски и на цела Русија Кирил предложи основање на Консултативен совет на религии при Обединетите Нации.

Тој истакна дека ваквиот совет би ја засилил мировната мисија на ООН и би претставувал платформа за меѓурелигиски дијалог. Според Кирил, заедничкиот религиозен глас — надвор од национални и конфесионални граници — би можел да биде „глас на совеста и помирувањето“.

Патријархот дополнително нагласи:

Верниците се носители на древна религиозна култура заснована на заемна почит, мир и соработка. Како пример ги посочи Русија и Казахстан, каде луѓе од различни религии живеат заедно и придонесуваат за своите држави.

Кај младите во постсоветскиот простор се забележува пораст на религиозност. Потребно е тие да бидат заштитени од радикализам и наместо тоа да бидат поттикнати на дијалог и взаемна почит.

Поддржа создавање меѓурелигиски младински форуми, каде што младите верници ќе можат директно да се среќаваат и да разговараат.

Конгресот во Астана е одржан под мотото „Дијалог на религии: Синергија за иднината“ и на него учествуваат над 100 делегации од 60 земји.

/Црковен журнал

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img