Молитви за жрвите и во Струмичката епархија

Date:

Share post:

Викарниот епископ Стобиски Јаков со свештенството и монаштвото на Струмичката епархија отслужи молебен канон кон Пресвета Богогодица за утеха, поткрепа и исцеление на постраданите во трагедијата во Кочани.

Молитви беа служени и на сиот народ, како и за покој на душите на загинатите.

-За нас гробот не е крај, смртта го нема последниот збор, последниот збор го има Животот, изворот на Животот, Богочовекот Христос, кој што прв слезе во гробот и како првенец воскресна и направи пат на секоја душа, на слобода и на излез од смртта. На Него се надеваме и во Неговите раце, во Неговите прегратки ги испраќаме сите пострадани и на На Него Милосрдниот Му се молиме… Му се молиме да ги укрепи и да ги исцели оние кои што пострадале и оние кои што страдаат на било каков начин. Бог да им даде Царство Небесно, да им даде утеха и исцеление на повредените, на ожалостените, а недостатокот и отсуството нивно, Бог да го пополни со Својата љубов и со Својата благодат. Жив е нашиот Бог и ние живи ќе бидеме!, порача во утешителна беседа на викарниот Епископ Стобиски Јаков

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img