Минута молк и молитва за жртвите на Сребреница во Собранието. Оваа сцена од денешното обележување денот на сеќавање на геноцидот во Сребреница предизвика остри реакции на политичката сцена дека Претседателот на Собранието Африм Гаши го прекршил Уставот и ја нарушил секуларноста на државата.
Меѓу првите реакции беше на ВМРО-ДПМНЕ, со констатација дека нема место за религиозни ритуали во државните институции.
-Ги почитуваме сите религии и религиозни обреди. Меѓутоа, сакаме да истакнеме дека Собранието не е и не смее да биде место за организирање на било какви религиски обреди, бидејќи Македонија е јасно определена според Уставот како секуларна држава. Во нашата земја нема место за религиозни ритуали во државните институции, ниту пак, државата има право да се меша во работата на верските заедници. Во врска со настанот со кој се одбележа геноцидот во Сребреница, каде што еден од учесниците ја злоупотреби поканата и организираше исламска молитва во оваа државна институција, изразуваме најостра осуда. Апелираме да не се политизира туѓата несреќа и да се собираат ситни политички поени врз несреќата на илјадници други луѓе. Со оваа постапка не им се оддава почит на жртвите од Сребреница, туку напротив, ова претставува тешка злоупотреба на оваа трагедија заради прибирање на политички поени. Трагедијата од Сребреница треба да биде потсетник за важноста на мирот и почитувањето на човековите права, а не повод за непотребни конфликти и подели, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Опозициската СДСМ смета дека лоалицискиот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, Африм Гаши ја нарушил секулраноста на државата и бара одговорност.
-На верските обреди не им е местото во македонското Собрание ниту во било која државна институција. Претседателот на Собранието Африм Гаши, инаку коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ со овој чекор ја наруши секуларноста на државата, тоа е не почитување на Уставот. СДСМ повикува надлежните институции да постапат и за овој случај да има одговорност, стои во реакцијата на СДСМ.
Од друга страба екс министерот и потпретседател на Алијанса за Албанците, Кренар Лога на Фејсбук реагира на реакциите, посочувајќи дека државата или е за сите, или за никој. Лога денеска изрази поддршка за настанот во Собранието на кој беше одбележан Денот за сеќавање на геноцидот во Сребреница.
-Досега нашите сограѓани Македонци и православни не оставија ниту еден објект од ‘Скопје 2014’ без бисти на верски светци, на државни згради, дури и по мостови и крстосници. Го именуваа Аеродромот во Охрид со верско име, и тоа ‘Свети Апостол Павле’. На секој камен-темелник има по еден свештеник, а сега се жалат зошто била направена муслиманска молитва во Собранието. Или држава за сите или за никој“, пишува Лога во објавата на Фејсбук.
По бурните реакции за нарушена секуларност, на Фејсбук се огласи и Мерсиха Смаиловиќ, претставничката на невладината организација „Диванхана“ која учествуваше на денешниот настан за одбележување на Денот на сеќавање на геноцидот во Сребреница.
-Молкот или молитвата за жртвите на Сребреница на коишто повикав е гест на почит, а не религиозен ритуал. Собирот по повод одбележување на 11 Јули беше настан, а не седница на Собранието, вели Смаиловиќ и нагласува оти парламентот не сноси никаква одговорност за начинот на кој присутните на настанот избрале да се изразат во тој момент, вклучително и дали избрале да се молат.
-Како модератор го започнав настанот со покана до присутните да одржат момент на тишина или да понудат молитва за жртвите на Сребреница, што е гест на почит, а не религиозен ритуал. Начинот на кој поединците избираат да го изразат овој момент, вклучително и дали избираат да се молат, е лична одлука што ги одразува нивните верувања и убедувања. Собранието не сноси никаква одговорност за овие лични избори.Оние кои се запознаени со церемониите во меморијалниот центар Поточаре ќе знаат дека почитта се оддава на различни начини, пришто некои избираат молитва, а други тивко набљудуваат, секој според нивните лични чувства“, пишува претставничката на организацијата „Диванхана“, Мерсиха Смаиловиќ, во објавата на Фејсбук.
Посочува оти 11 Јули секоја година се одбележува во различни формати во Собранието и додава
-За жалење е што настанот беше политизиран како дел од секојдневната политичка борба. Жално е што ниту еден претставник од опозициската СДСМ не присуствуваше да го посведочат настанот од прва рака и да ја потврдат неговата природа“, додава Смаиловиќ во фејсбук-објавата.
Директорот на Комисита за односи со верзките заедници и религиозни групи, Дарјан Сотировски вели дека комисијата е запознаена за настанот од медиумите и очекува Собранието веднаш изворно да се произнесе и да и ги појасни на јавноста аспектите кои со право ја засегаат.
-Комисијата имајќи ја во предвид одредбата од чл. 3 на Законот за правна положба на црква, верска заедница и религиозна група, која ја гарантира слободата на манифестирање на својата вера, право кое самостојно или заедно со другите јавно или приватно го има секој човек, целосно почитувајќи ги и несакајќи да ги повреди чувствата на граѓаните инволвирани во настанот, смета дека е потребно да укаже дека граѓаните имаат доволно можности и места за на религиски начин да комеморираат и изразуваат почит. Тоа право им е на секој начин гарантирано од страна на државата, дури и без разлика на нивното својство или служба, но сепак Собранието како највисоко претставничко тело и законодавен дом е место за изразување на општествено политички ставови и преземање на протоколарни обичајни практики (едноминутно молчење, наместо едноминутна молитва) и како такво не треба да биде злоупотребувано“, пишува во објавата на Сотировски.


Epa taka e koga e Šiptar pretsedatel na Sobranieto, toa toj može da go organizira samo vo čisto arnautski sredini i vo Bosna kaj muslimanite, vo Sanđžak.