Митрополитот Георгиј ми посвети книга на архиепископот Стефан

Date:

Share post:

Дебарско-кичевскиот митрополит Георгиј отпечати „Молебен канон на светиот архиѓакон и првомаченик Стефан“, дело кое му го посвети на архиепископот Стефан. Изданието е на издавачката куќа Канео, при ДКЕ, а во воведот митрополитот Георгиј пишува дека маченичкиот подвиг на светиот архиѓакон и првомаченик Стефан, не е само историски спомен, туку живо сведоштво дека Црквата се гради врз жртвата, смирението и верноста до крај.

-Токму во тој дух се препознава и архипастирското служење на Архиепископот г.г. Стефан, кој со трпение и тивка ревност ја носи одговорноста за доверениот му верен народ. Јубилејот од седумдесет години од раѓањето на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан не нѐ повикува само на честитка, туку пред сè на молитва. Во изминатите години од неговото архипастирско служење, Македонската православна црква – Охридска архиепископија помина низ искушенија, но и низ благословени мигови на духовно созревање и значајно историско сведоштво. Во сето тоа, Архиепископот Стефан остана пример за кротко, достоинствено и одговорно црковно раководење, втемелено врз верата, канонскиот поредок и љубовта кон Црквата, пишува Георгиј.

Ова издание на издавачката куќа „Канео“е составено за 70-годишнината од раѓањето на Архиепископот Стефан и, како што пишува, „претставува духовен принос пред престолот Божји и молитвен израз на љубовта на Црквата кон својот Претстојател и неговиот небесен закрилник.“

Покрај печатеното издание, снимена е  и аудио и видео форма.

Автор на Молебниот канон е Продеканот на Православниот богословски факултет Виктор Недески.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img