На прагот на празникот Рождество Христово, митрополитот Епифаниј на Киев и на цела Украина упатил поракa до верниците, истакнувајќи дека празникот не е само симболичка приказна, туку вистинско историско и духовно случување што ги обединува сите христијани и дава смисла на човечката историја.
Во својата поука поврзана со празникот, митрополитот потенцирал дека преку воплотувањето на Исус Христос, Божествената природа се соединува со човечката, со што се открива вечниот план на Бога за човештвото. Тој истакна дека Христовото раѓање — низ долгата и сложена генеалогија запишана во Евангелието — ни покажува дека секој човек е дел од поширока историја и дека не сме сами на својот животен пат. „Рождеството Христово ја нагласува вистината дека Бог не останал оддалечен од човештвото — Тој навистина стана човек и влезе во нашата историја. Ние не постоиме во изолација, ниту живееме само за сегашниот момент или за себе“, истакналмитрополитот Епифаниј.
Тој додал дека празникот треба да ги поттикне верниците да ја обноват својата вера, да ја препознаат Божјата промисла во светот и во сопствениот живот, и да останат цврсти во верата и покрај предизвиците и тешкотиите. „Без разлика колку е тежок патот, ние не сме сами — Бог е со нас“, заклучил митрополитот во своето обраќање до верниот народ.
