Митрополитот Дамаскин од ГПЦ одликуван со орден од Србија

Date:

Share post:

Србија го одликуваше Митрополитот на Дидимотихо, Орестијада и Суфли Дамаскин, владика на грчката православна црква со особени заслуги за значаен придонес за зачувување на историското паметење. Сретенскиот орден му беше доделен во Историскиот музеј во Белград од министерот за култура Никола Селаковиќ, а во име на претседателот на државата Александар Вучиќ.

Српскиот министер за Кутура потенцирал дека Митрополитот Дамаскин е одликуван „поради неговиот значаен придонес за зачувување на историското паметење, за одржување на православието и за зајакнување на братските врски меѓу српскиот и грчкиот народ“.

Ореденот за митрополитот Дамаскин доаѓа поради тоа што тој ја раководи митрополијата во област, која била поле на значајни настани за српската историја, меѓу нив Маричката битка од 1371 година, кога христијанските сили на балканските народи се обединиле за да го спречат продорот на Отоманската империја на Балканот. Во таа битка загинал српскиот властелин Јован Угљеша.

-Маричката битка испраќа порака за единство меѓу балканските народи (независно од националноста), кои треба да се изборат за заедничките христијански идеали, изјавил Митрополитот Дамаскин.

Инаку, Митрополитит Дамаскин изминатиов период имаше зачестена комуникација со владици на МПЦ-ОА. Доаѓаше во Македонија на сослужување, а неколку пати во неговата епархија на сослужување одеше и Митрополитот струмички Наум.

Митрополитот Дамаскин е дел од комисијата на Грчката црква која го анализира македонското црковно прашање.

Можеби е коинциденција, но секако е за одбележување дека ореденот од Србија доаѓа токму во период кога овој владика гради добри и пријателски релации со МПЦ-ОА.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

Балканот повторно се наоѓа на крстосница меѓу вистината и манипулацијата, демократијата и авторитаризмот. Како што се приближуват изборите...

Најдолгото гласачко ливче половина метар

Најдолгото гласачко ливче на овие избори е половина метар, откри директорот на печатницата „Киро Дандаро“, каде се печатеше...

ДИК: Одобрени уште осум барања за акредитации за набљудување на изборите, прифатени три приговори од гласачи

Државната изборна комисија денеска прифати уште три од вкупно четири пристигнати приговори од гласачи. Прифатени се два приговори...

Народниот правобранител отвора бесплатна телефонска линија за пријавување повреди на избирачкото право

Во канцеларијата на Народниoт правобранител во недела (19 октомври) на денот на одржувањето на првиот круг од Локалните...