Марш за Палестина во Скопје: Нема да молчиме пред геноцидот

Date:

Share post:

Под слоганот „Стоп на геноцидот – Маршираме за Палестина“, денеска во Скопје се одржа протестен марш во знак на солидарност со палестинскиот народ и осуда на воените злосторства и опсадата на Газа. Стотици граѓани се собраа пред споменикот „Симфонија на мирот“, од каде што маршот тргна кон зградата на Владата на Република Северна Македонија.

Организаторите на маршот од иницијативата „Сите за Палестина“ нагласија дека настанот е дел од глобалното движење на отпор и солидарност, кое има за цел да го прекине молкот на меѓународната заедница и да изврши притисок врз владите да преземат конкретни чекори против израелската окупација и геноцидот.

Организаторите остро ја критикуваа македонската надворешна политика, која сè уште не ја признава државата Палестина.

Маршот заврши пред зградата на Владата со повици за признавање на Палестина и конкретна политичка акција. Организаторите најавија дека ова е дел од поширока кампања за политички притисок и јавна мобилизација.

/360 степени

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img