Шест владици на МПЦ-ОА, сите од поновата генерација архиереи, денеска ја осветија новата црква во Свети Николе, дел од Брегалничката епархија, која го носи името Света Лидија Македонка.
Покрај, надлежниот Митрополит г. Иларион, потпис на повелбата ставија и Европскиот г. Пимен, Тетовско-гостиварскиот г. Јосиф, Кумановско-особовскиот г. Григориј, владиката во пензија г. Јосиф и стопбискиот епископ, г. Јаков.
Ден пред да биде осветен новиот храм во градот Свети Николе, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од Брегалничката Епархија, отслужи вечерна богослужба и изврши освет на камбанаријата при новиот храм „Св. Лидија Македонка“.










За да прераснете во првата верска информативна агенција во Македонија, прво треба да сте информирани барем за Македонија. Македонија одамна има добиено храм на Св. Лидија. Во Битола … прво проверете пред да пишувате што годе … и вака не е проблем, но ова е далеку од агенција …